Телефонски разговор помеѓу Чавушоглу и Џентилони

На дневен ред на телефонскиот разговор се најдоа политичката криза во Либија, решението на внатрешните превирања во оваа земја и борбата против ДЕАШ

405636
Телефонски разговор помеѓу Чавушоглу и Џентилони

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со својот италијански колега Паоло Џентилони.

Во телефонскиот разговор Чавушоглу и италијанскиот министер за надворешни работи Паоло Џентилони разменија мислења пред конференцијата на ниво на министри за надворешни работи посветена на Либија за која се очекува да се одржи на 13 декември во недела во Рим.

Притоа двајцата шефови на дипломатии разговараа за предлозите за решавање на политичката криза во Либија.

На конференцијата во Рим ќе се бара решение за внатрешните немири во Либија која се оценува како една од главните артерии на бегалската криза, а исто така се очекува на преден план да се истакне и брбата против терористичката организација ДЕАШ.

 


Тагови:

Слични вести