„Сега е време да ги одржиме нашите ветувања"

Премиерот Давутоглу рече дека Владата во наредните 3 месеци ќе ги исполни сите дадени ветувања пред изборите

361191
„Сега е време да ги одржиме нашите ветувања"

Премиерот Ахмет Давутоглу го соопшти Планот за акција на новата 64-та влада и истакна дека одлуката на Владата за имплементација на планот ќе биде донесена идната недела.

Давутоглу информираше дека во наредните 3 месеци ќе бидат воведени законски регулативи со кои секој оној млад човек кој ќе биде вработен во текот на една година ќе добива плата од државата, за учениците и студентите ќе бидат укинати трошоците и сите други такси за издавање пасош, додека цената за служење војска за турските граѓани кои живеат во странство од 6.000 ќе биде намалена на 1.000 евра.

Премиерот Давутоглу рече: „На нашите млади на основ на нивните проекти што ќе ги подготват ќе почнеме да им даваме неповратна парична помош во износ до 50.000 турски лири (приближно 16 илјади евра). Исто така го започнуваме и процесот во врска со давање на бескаматен кредит во износ до 100.000 турски лири (приближно 33 илјади евра).“

Велејќи дека ќе бидат направени подобрувања и за малите еснафи , Давутоглу рече: „Ќе ги ослободиме од данок малите еснафи кои годишно остваруваат заработувачка до 8.000 турски лири (приближно 2.700 евра) годишно.“

Давутоглу истакна дека ќе биде укинат целосно данокот на додадена вредност (ДДВ) за ѓубрива и сточна храна во врска со што рече: „На нашите млади земјоделци за проектот што ќе го подготват ќе им дадеме неповратна поддршка во износ од 30.000 турски лири (приближно 10.000 евра). Подготвуваме програми и во правец на распространување на субвенциите за рурален развој во сите 81 округ.“

“Нашите старци над 65 годишна взраст кои примаат плата без оглед на тоа кај кого и каде живеат отсега ќе нема никакви одбитоци, застои и попречување во нивните плати. Ги правиме неопходните законски регулати за тоа.“ - рече Давутоглу.

Ахмет Давутоглу истакна дека ќе им се признае правен статус на традиционалните центри за научни знаења и објектите на алевитите за исполнување на своите верски обреди, а исто така додаде дека со правење проценка на досегашните фрлени чекори ќе бидат преземени нови активности во правец на решавање на проблемите на ромската заедница.

„Му ветивме на нашиот народ и сега е време да ги одржиме нашите ветувања.“ - додаде премиерот Ахмет Давутоглу.

 

 



 



Тагови:

Слични вести