„Ирачката влада е информирана во врска со военото присуство

Претседателот Ердоган во интервју за телевизијата Ал Џезира на арапски јазик рече дека ирачката влада е информирана во врска со турските воени единици кои се наоѓаат во регионот на Мусул за обука на локалните сили

405599
„Ирачката влада е информирана во врска со военото присуство

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган даде интервју за телевизијата Ал Џезира на арапски јазик и притоа истакна дека ирачката влада располага со информации во врска со военото присуство на Турција во регионот на Мусул за обука на локалните сили.

Велејќи дека ирачкиот премиер Хајдар ал Абади се обратил до Турција за испраќање на војници кои ќе ги обучуваат локалните сили во регионот на Мусул, Ердоган рече: „Овде не станува збор за борбени сили, туку тоа повеќе се воени инструктори.“

Претседателот Ердоган изјави дека Турција е против секташтвото во целосна смисла и ги критикуваше секташките политики кои што ги водат Иран и Ирак во регионот.


Тагови:

Слични вести