Реакција од Омер Челик на скандалозните зборови на Доналд Трамп

Потпретседателот на АК Партијата Омер Челик во пораката што ја испрати преку Твитер истакна дека започнувањето на кампања против муслиманите со изнесување на нов вид на расизам ќе биде во услуга на желбата на терористичката организација ДЕАШ

404874
Реакција од Омер Челик на скандалозните зборови на Доналд Трамп

Потпретседателот на АК Партијата (Партијата за правда и развој АКП) Омер Челик покажа реакција на скандалозните зборови на кандидатот за нов претседател на САД за изборите во 2016 година од редовите на Републиканската партија Доналд Трамп против муслиманите.

Омер Челик во пораката што ја испрати преку Твитер истакна дека започнувањето на кампања против муслиманите со изнесување на нов вид на расизам ќе биде во услуга на желбата на терористичката организација ДЕАШ.

Челик го напиша следното: „Изјавите на оваа личност кој инаку располага со свои инвестирања во земјите во кои живее во мнозинство муслиманско население се срамни. Тоа претставува политичка лицереност. А исто така се коси и со борбата за права и слободи во историјата на САД.“

Потпретседателот на АК Партијата Омер Челик нагласи дека најголема реакција против оние како Трамп кои даваат расистички изјави треба да покажуваат немуслиманските групи во Западот.

Кандидатот за нов претседател на САД за изборите во 2016 година од редовите на Републиканската партија Доналд Трамп минатиот ден истакна дека треба да се сопре влезот на муслиманите во САД.

 


Тагови:

Слични вести