Повик од Чавушоглу до Русија за воздржаност

Министерот за надворешни работи Чавушоглу изјави за руската новинска агенција ТАСС дека од донесените одлуки за економски мерки од страна на Русија кон Турција ќе претрпат штета и двете земји

404000
Повик од Чавушоглу до Русија за воздржаност

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во интервју за руската новинска агенција ТАСС упати повик за воздржаност.

Чавушоглу истакна дека од донесените одлуки за економски мерки од страна на Русија кон Турција ќе претрпат штета и двете земји.

Упатувајќи повик за воздржаност Мевлут Чавушоглу рече: „Наместо да ја зголемиме присутната затегнатост  треба да презентираме ладнокрвен став и повторно да ги сведеме во колосек нашите односи.“ 

Посакувајќи Русија што поскоро да ги укине одлуките со преземените економски мерки кон Турција, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „Во спротивно овие одлуки за економски мерки ќе имаат директни влијанија врз економиите и на двете земји од кои најмалку колку турскиот народ ќе биде изложен на негативно влијание и рускиот народ.“   


Тагови:

Слични вести