„Војникот со ракетен фрлач на рускиот воен брод е провокација"

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу случајот со поминување на рускиот воен брод низ Босфорот со војник кој на рамо држи ракетен фрлач го окарактеризира како провокација

359297
„Војникот со ракетен фрлач на рускиот воен брод е провокација"

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу пред советодавното собрание на градскиот огранок нна Анталија на АК Партијата одговараше на прашањата на новинарите.

Во врска со снимките на поминување на рускиот воен брод низ Босфорот со војник кој на рамо држи ракетен фрлач, Чавушоглу рече: „Нарушувањето на нашиот воздушен простор беа дозвола од страна на руските воени авиони и поминувањето на руските воени бродови преку Босфорот се различни работи.“

Потсетувајќи дека премините преку морските теснеци се реализираат согласно конвенцијата од Монтре за морските теснеци, Чавушоглу нагласи дека според тоа премините треба да се  реализираат согласно правото и меѓународните договори и дека правилата за поминување на бродовите низ морските теснеци било да се работи за руски или за други бродови се јасни.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу привлече внимание дека во случаи кои би биле оценети како закана ќе биде даден потребниот одговор и рече: „Согласно тоа поминувањето на рускиот воен брод со војник на рамо со ракетен фрлач или нешто слично претставува само провокација. Се надевам дека тоа е само поединечен настан, но истиот не претставува правилен приод.“

Чавушоглу во говорот што го одржа на состанокот на советодавното собрание на градскиот огранок на Анталија на АК Партијата направи проценка и на присутната затегнатост со Русија во врска со случајот со соборување на рускиот воен авион кој го наруши турскиот воздушен простор.

Притоа привлекувајќи внимание дека  Турција посакува да функционираат дипломатските канали и проблемот што поскоро да биде надминат, Мевлут Чавушоглу рече: „Доколку Русија мисли дека со донесената одлука против Турција ќе не казни или дека не казнува, се лаже и во тоа. Овој проблем можеме да го надминеме со разговор и со спогодба, а не по пат на овие методи.“  

 

 



Тагови:

Слични вести