Давутолгу и Меркел разговараа за мигрантската криза и Сирија

359288
Давутолгу и Меркел разговараа за мигрантската криза и Сирија

Премиерот Ахмет Давутоглу оствари телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел.

На дневен ред на телефонскиот разговор се најдоа билатералните односи, мигрантската криза и сириското прашање.

Телефонскиот разговор бил остварен на барање на германската страна.

Премиерот Ахмет Давутоглу и германската канцеларка Ангела Меркел пред самитот на ЕУ што ќе се одржи на 17 декември во Брисел размениле мислења по прашањата на соработката и координацијата во врска со мигрантската криза кои што ќе бидат поставени на разгледување со лидерите на ЕУ.



Тагови:

Слични вести