Во терористичките напади во Дијабакир и Ширнак загинаа 3 лица

Полицијата започна опсежна операција за фаќање на напаѓачите

401582
Во терористичките напади во Дијабакир и Ширнак загинаа 3 лица

Во терористичките напади во Сур кај Дијабакир и Џизре кај Ширнак загинаа еден полицаец и 2 војници, а беа повредени двајца војници од кои едниот потешко.

Во рамките на последните операции во Сур кај Дијарбакир, во близината на џамијата Куршунлу дојде до судир меѓу терористите и полицајците.

Во судирот беше повреден еден припадник на специјалните единици на полицијата кој се наоѓаше во џамијата.

Повредениот полицаец беше пренесен на лекување во болницата на медицинскиот факултет на универзитетот Диџле (Тигар).

Покрај сите напори на лекарите за спасување, повредениот полицаец подлегна на раните.

Полицијата започна опсежна операција за фаќање на напаѓачите.

Врз 4-те војници облечени во цивилна облека кои по улицата Нусајбин во Џизре кај Ширнак тргнаа на пат да ги променат гумите беше отворен оган од едно комерцијално возило.

Во нападот загинаа 2 подофицери, а 2 десетари беа повредени.

Здравствената состојба на еден од повредените е сериозна.

Во градот започна опсежна операција за фаќање на напаѓачите.


Тагови:

Слични вести