Не е реално да се каже дека се приближува кон крајот на проблемо

Турција е решителна во преземањето заеднички операции со САД против тероризмот на ДЕАШ

358790
Не е реално да се каже дека се приближува кон крајот на проблемо

Премиерот Ахмет Давутоглу рече дека не е реално да се каже дека се приближува кон крајот на проблемот во Сирија

Без претходно решавање на оваа криза, никој не треба да се чувствува безбеден, рече Давутоглу.

Во рамките на борбата против ДЕАШ, Турција има поволен став кон употребата на базата во Инџирлик од страна на Германија и Англија, рече премиерот Давутоглу.

На враќање од посетата на Азербејџан, премиерот Давутоглу одговараше на прашањата на новинарите во авионот.

На прашањето во врска со можноста за прогласување кантона од страна на Туркменците во Сирија, премуиерот Давутоглу одговори:

Не сметаме дека тоа ќе биде решение, особено не можеме да прифатиме формирање зони кои ќе се базираат на етничка основа. Турција придава големо значење на територијалниот интегритет на Сирија. Треба да стоиме поцврсто наспроти напорите за поголемо распарчување на Сирија, рече премиерот Давутоглу.

Турција е решителна во преземањето заеднички операции со САДпротив тероризмот на ДЕАШ на границата со Сирија, рече Давутоглу.

Во период кога се појави кризата во Сирија, за жал не беа земени во предвид предупредувањата на Турција, рече премиерот Давутоглу и потенцираше дека регионот треба да се исчисти од ДЕАШ.

Германија поднесе барање за искористување на можностите и капацитетот на базата Инџирлик во операциите против ДЕАШ, рече премиерот Давутоглу и подвлече дека се преземени потребните активности на тоа поле. Ако пристигне барање и од Англија, истото ќе биде разгледано.

Во кризата со Русија, Москва треба да ја избегне психолошката граница на настанот, рече Давутоглу.

Премиерот Ахмет Давутоглу го повтори повикот за дијалог за нормализирање на односите со Русија и подвлече дека треба да бидат отворени каналите за комуникација меѓу двете земји.


Тагови:

Слични вести