Во операцијата против МЛКП во Истанбул беа приведени 10 лица

Во судирот беше убиена терористката Дилан К. чие тајно име е Ѓулчин

399978
Во операцијата против МЛКП во Истанбул беа приведени 10 лица

Во операцијата на безбедносните сили против терористичката организација МЛКП во Истанбул беа приведени 10 лица.

Во рамките на утринската операција што ја започнаа безбедносните сили против терористичката организација МЛКП, беа извршени упади во 20 места во 15 општини.

Операциите во кои учествуваа и специјалците беа придружувани од воздух со хеликоптери. Осомничените беа приведени и по здравствената контрла беа однесени во полицијата.

Во исти рамки освен во Истанбул, уште во 5 општини беа извршени операции.

Во меѓувреме, беше извршен и упад на една ќелија на сепаратистичко терористичката организација ПКК во истанбулската населба Санџактепе.

Во судирот до кој дојде откако терористите отворија оган врз полицијата, беше убиена терористката Дилан К. чие тајно име е Ѓулчин, а три лица беа приведени.


Тагови:

Слични вести