Турција мобилизирана за испраќање помош на Туркменците во Сирија

Сите државни институции и граѓански организации се мобилизирани за испраќање помош на туркменското население во Сирија кое се наоѓа под опсада

400525
Турција мобилизирана за испраќање помош на Туркменците во Сирија

Од сите страни на Турција продолжува да им се испраќа помош на Туркменците Бајирбуџак во Сирија кои се подложени на нападите на силите на режимот во Сирија, од копно, воздух и од море, поддржани и од Русија.

Сите државни институции и граѓански организации се мобилизирани за испраќање помош на туркменското население во Сирија кое се наоѓа под опсада.

Во туркменското подрачје се испратени ТИР камиони натоварени со храна, облека, ќебиња и друга неопходна помош за тамошното население.

Во рамките на започнатата акција за помош од страна на хуманитарната организација ИХХ од градот Ќутахја во подрачјето се испратени 8 ТИР камиони со помош.

Голем број ТИР камиони натоварени со хуманитарна помош од градовите како што се Сивас, Караман и Кајсери тргнаа на пат кон туркменското подрачје во Сирија. 


Тагови:

Слични вести