Пофалба од ОН до Турција за прифатените сириски бегалци

Турција како една од 177-те земји потписнички на меѓународниот договор за елиминација на секој вид расна дискриминација го достави својот извештај до Комитетот на ОН за елиминација на расната дискриминација

399982
Пофалба од ОН до Турција за прифатените сириски бегалци

Комитетот на ОН за елиминација на расната дискриминација во рамките на своите периодични испитувања ја постави на разгледување состојбата по ова прашање во Турција.

Турција како една од 177-те земји потписнички на меѓународниот договор за елиминација на секој вид расна дискриминација го достави својот извештај до Комитетот составен од 18 независни експерти.

Генералниот директор за мултилатерални политички односи при турското министерство за надворешни работи амбасадорот Хасан Улусој кој во својство на претседател на турската делегација му се обрати на Комитетот информираше за активностите кои што Турција ги става во примена во рамките на борбата против расната дискриминација.

Хасан Улусој истакна дека Турција додека ги води активностите во правец на зајакнување на човековите права и слободи и водење борба против расизмот истовремено и придава значење и на меѓународната сорбаотка.

Комитетот на ОН за елиминација на расната дискриминација пак упати пофалби на сметка на Турција за нејзините активности што ги води досега во рамките на борбата против расната дискриминација и особено за прифаќањето и згрижувањето на повеќе од 2 милиони сириски бегалци.

Комитетот упати прашања до турската делегација во врска со зачувувањето на правата на малцинствата во Турција, претставувањето на романските и курдските граѓани и малцинствата во земјата, бегалците и нивното образование.

Освен тоа Комитетот се осврна и на процесот за решение и притоа истакна дека загрижуваат случувањата до кои што доаѓа по прекинот во овој процес.

 


Тагови:

Слични вести