Остри реакции од државниот врв против руските тврдења

Илегалната трговија со нафтата на ДЕАШ ја остварува сириецот Ѓорѓе Хашрави

399745
Остри реакции од државниот врв против руските тврдења

Државниот врв на земјава остро реагираше на наводните руски тврдења за откуп на нафтата на ДЕАШ од страна на Турција.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган уште еднаш го повика рускиот претседател Владимир Путин дека е должен наводните тврдења да ги докаже со докази. Доколку се точни, тогаш ќе поднесе оставка.

Во говорот што го одржа на 22-та Редовен конгрес на синдикатот „Турк-Иш“, претседателот Ердоган рече дека во случај Путин не го докаже наводното тврдење, навистина го интересира дали Путин ќе поднесе оставка?

Мешањето на семејството во оваа работа е една друга неетичка димензија на тврдењето. Како што е познато, слично тврдење имаше остварено и Иранската телевизија. Тогаш разговарав со иранскиот претседател за прашањето и му реков дека прават голема грешка. Ако продолжат, цехот на неоснованите тврдења ќе биде многу тежок. Иран ќе биде принуден многу скапо да го плати цехот. Изнесувањето на наводните тврдења продолжи уште 10 дена, а потоа ги кренаа сите тврдења од веб страниците на интернет. Зошто? Бидејќи системите кои се засноваат на неосновани клевети, лаги и прикривање на случувањата, многу често ги користат овие методи, рече Ердоган.

Илегалната трговија со нафтата на ДЕАШ ја остварува сириецот Ѓорѓе Хашрави кој поседува руски пасош, рече претседателот Ердоган и потсети дека оваа информација се наоѓа во соопштението објавено од страна на американскиот државен трезор.

Разликата во нашиот став во врска со Сирија не се заснова на некоја посебна омраза или непријателство, рече претседателот Ердоган и подвлече дека никој од Турција не може да очекува отстапки околу правото на територијалниот интегритет, кое за нас има мошне чувствително значење. Турција е земја која на пријателите им овозможува да се стекнат со поголеми придобивки, додека на оние кои гаат омраза, да изгубат.

Одговор на наводните руски тврдења во врска со нафтата на ДЕАШ пристигна и од премиерот Ахмет Давутоглу.

Пред да полета за Азербејџан, премиерот Давутоглу на прес конференцијата на аеродромот Есенбога одговараше на прашањата на новинарите и рече: Уште еднаш на виделина излегуваат навидум заборавените карактеристики на Русија особено во последните 25 години по периодот на Студената војна.

Премиерот Давутоглу рече дека навлегувањето во прокси војни кои во кои самите не се директно инволвирани, во рамките на експанзионистичка атмосфера доживување проблеми со соседните земји и прикривањето на проблемите како и активирање на пропагандната машинерија, во минатото беше традиција. Но сега гледаме дека повторно се појави на дневниот ред. Никој нема доверба во советската пропаганда машинерија. Живееме во многу отворен свет. Кој се и што прави е очигледно и не може да се прикрие, рече премиерот Давутоглу.


Тагови:

Слични вести