Премиерот Давутоглу во посета на Азербејџан

Премиерот Давутоглу отпатува во дводневна посета на Азербејџан

398392
Премиерот Давутоглу во посета на Азербејџан

Премиерот Ахмет Давутоглу замина во посета на Азербејџан, која инаку е втора негова посета на оваа братска и пријателска земја по формирањето на новата 64-та влада.

Давутоглу денеска првиот ден од дводневната посета на Баку ќе биде примен кај азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

Премиерот Ахмет Давутоглу најпрвин ќе одржи средба лице в лице со претседателот Илхам Алиев, а потоа ќе се премина на разговори помеѓу делегациите на двете земји.

Давутоглу потоа ќе има средба и со азербејџанскиот премиер Артур Расизаде.

На разговорите обемно ќе бидат разгледани билатералните односи помеѓу двете земји, како и регионални и меѓународни прашања на чело со спроблемот со Нагорно Карабах.

 



Тагови:

Слични вести