Не сакаме да се зголеми расцепот меѓу Турција и Русија

Ние сме две соседни земји, две партнерски земји и стратешки партнери

398806
Не сакаме да се зголеми расцепот меѓу Турција и Русија

Потпретседателот на Владата и портпарол Нуман Куртулмуш рече дека не сакаме да се одолговлечува и зголеми расцепот меѓу Турција и Русија

Во интревјуто за еден приватен ТВ канал, потпретседателот на Владата и портпаролНуман Куртулмуш рече дека покрај тоа што Турција се соочува со значајна и сериозна криза, тоа не е состојба која Турција не ќе може да ја надмине.

Ние сме две соседни земји, две партнерски земји и стратешки партнери. Вложуваме големи напори за што пскоро надминување на кризата поради што ги држиме отворени вратите за дијалог, рече Куртулмуш.

Претстојната средба меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу на 3 и 4 ноември во рамките на Самитот на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) во Белград, ќе биде прв контакт меѓу двете земји во рамките на кризата и презедовме низа активности Турција да не подлегне и не биде изложена на неповолното влијание на економските санкции на Русија.

Инцидентот меѓу Турција и Русија не беше директно доживеан само меѓу двете земји, туку претставува одраз на кризата во Сирија врз турско-руските односи, рече Куртулмуш.

Се надеваме дека ќе изнајдеме сили за намалување на тензиите со преговори, а со држењето отворени на каналите за дијалог како и вложувањето меѓусебни напори, што поскоро ќе ги надминеме последиците на кризата.


Тагови:

Слични вести