Турција и Катар се договорија за взаемно укинување на визите

Претседателот Ердоган истакна дека на разговорите помеѓу делегациите на Турција и Катар беа потпишани 15 договори меѓу кои се наоѓа и договорот за взаемно укинување на визите

398085
Турција и Катар се договорија за взаемно укинување на визите

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во Катар каде што престојува во официјална посета оствари средба лице в лице со катарскиот емир Тамим бин Хамад ал Тани.

Потоа се премина на разговори помеѓу делегациите на двете земји и беа потпишани 15 договори во низа сфери, а пред се во сферата на природниот гас.

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа на чинот на потпишување на договорите подвлече дека е постигнат догвоор за взаемно укинување на визите помеѓу двете земји и дека тоа претставува развој до кој е дојдено во последен момент.

„Со постигнување на 15 договори постигнавме една новина. Нашите министри ќе продолжат да работат во сферите кои што спаѓаат во нивна надлежност. Потоа ќе се состанеме на ниво на лидери и ќе се постигне конечниот резултат. Фрливме уште еден чекор, а тоа е взаемното укинување на визите. Речиси со развој до кој е дојдено во последен момент взаемно ги укинавме визите со Катар.“

Катарскиот емир Тамим бин хамад ал Тани потоа приреди ручек во чест на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган. 


Тагови:

Слични вести