ТРТ има голема улога во појаснувањето на погрешните перцепции

ТРТ има голема и значајна улога во зачувувањето на братството и националното единство и безбедноста

397369
ТРТ има голема улога во појаснувањето на погрешните перцепции

Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш рече дека во врска со неправедните перцепции против Турција во меѓународните средини, ТРТ има голема улога во појаснувањето.

Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш беше во посета наТурската радио и телевизија (ТРТ) и се стекна со информации за работата на јавната куќа.

Куртулмуш во оваа прилика рече дека одредени средини вложуваат големи напори за блокирање на патот на Турција да стане голема земја. За пример посочи на заговорите во врска со случувањата во Паркот Гези и од 17 и 25 декември, кои беа извршени под изговор дека се работи за заштита на зелената околина.

Турската радио и телевизија (ТРТ) како јавен радиодифузен орган исполнува значајна мисија со изнесувањето на вистинското лице на случувањата, рече Нуман Куртулмуш и потенцираше дека досега се извршени низа неправедни операции против Турција, почнувајќи од филмот Ориент Експрес и низа други клеветнички кампањи преку кои се обидоа да нанесат штета на земјава. Познато ни е а и свесни сме дека постојат низа радиодифузни сервиси кои сите дури најмалите пропусти сакаат да ги преувеличат и да ги претворат во погрешна слика за Турција.

Затоа сите заедно сме принудени на најубав начин да ги заштитиме правата на Турција и да обезбедиме поубава и посветла иднина за граѓаните, рече Куртулмуш.

ТРТ има голема и значајна улога во зачувувањето на братството и националното единство и безбедноста, а не само радиодифузна задача. Нема да правиме грешки, неправда и пристрасност. Нема да ги искривиме вистините и нема да дозволиме искривување на вистините, рече Куртулмуш.


Тагови:

Слични вести