Претседателот Ердоган во официјална посета на Катар

Катарскиот емир шеик Тамим Бин Хамад ал Тани денеска ќе организира официјална церемонија за дочек на претседателот Ердоган

397307
Претседателот Ердоган во официјална посета на Катар

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган отпатува во официјална посета на главниот град на Катара, Доха.

Катарскиот емир шеик Тамим Бин Хамад ал Тани денеска ќе организира официјална церемонија за дочек на претседателот Ердоган.

Ердоган заедно со катарскиот емир Ал Тани ќе учествува на церемонијата на потпис и првиот состанок на Високиот стратешки комитет, формиран во рамките на заедничкиот компромис за формирање на Висок стратешки комитет помеѓу Република Турција и Катар, потпишан на 19 декември 2014 година.

Претседателот Ердоган ќе оствари средба лице в лице со катарскиот емир Ал Тани од чија страна потоа ќе биде приреден и официјален ручек, а потоа ќе учествува на отворањето на Културниот центар Јунус Емре.

На претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган од страна на Катарскиот универзитет ќе му биде врачена титула почесен доктор, а потоа ќе учествува и на свеченото отворање на Меѓународниот саем на книгата во Доха.


Тагови:

Слични вести