Претседателот Ердоган ги започна официјалните разговори во Катар

Претседателот Ердоган во Катарскиот емират беше дочекан со официјална церемонија на која беа интонирани националните химни на двете земји

397723
Претседателот Ердоган ги започна официјалните разговори во Катар

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган ги започна своите разговори во Катар каде што допатува во официјална посета.

Претседателот Ердоган во Катарскиот емират беше дочекан со официјална церемонија.

На церемонијата на официјален дочек беа интонирани националните химни на двете земји, по што претседателот Ердоган ја поздрави почесната гарда.

Претседателот Ердоган и катарскиот емир шеик Тамим Бин Хамад ал Тани преминаа на средба лице в лице.

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во рамките на своите разговори во Катар ќе  учествува на свеченото отворање на Културниот центар Јунус Емре.

На претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган исто така од страна на Катарскиот универзитет ќе му биде врачена титула почесен доктор, а потоа ќе учествува и на свеченото отворање на Меѓународниот саем на книгата во Доха.

Претседателот Ердоган за време на посетата на Катар е придружуван од страна на 8 министри.


Тагови:

Слични вести