Поддршка од НАТО на воздушната одбрана на Турција

Генералниот секретар на НАТО СТолтенберг истакна дека Велика Британија во воздушната база Инџирлик ќе испрати свои воени авиони, додека Германија и Данска ќе испратат воени бродови во Средоземното Море

397382
Поддршка од НАТО на воздушната одбрана на Турција

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг соопшти дека за поддршка на безбедноста на Турција ќе бидат испратени воени авиони и воени бродови на Сојузот.

Столтенберг по состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел одржа конференција за претставниците на печатот на која истакна дека Велика Британија во воздушната база Инџирлик ќе испрати свои воени авиони, додека Германија и Данска ќе испратат воени бродови во Средоземното Море.

Столтенберг рече дека слични ветувања се очекува и од другите сојузнички земји и дека некои од овие ветувања за поддршка на воздушната одбрана на Турција ќе бидат остварени во наредните неколку недели.

Велејќи дека на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО било разговарано за случајот со соборување на рускиот воен авион од страна на турските авиони Ф-16 откако го наруши турскиот воздушен простор, генералниот секретар на Алијансата рече: „Турција располага со право на одбрана на својот територијален интегритет и својот воздушен простор.“

Столтенбегр го повтори повикот до страните за намалување на затегнатоста и рече: „Го поддржувам директниот дијалог помеѓу Москва и Анкара.“

На состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел стана збор за случувањата во Северна Африка и Блискиот исток и напредувањето на глобалната коалиција во борбата против терористичката организација ДЕАШ.

 


Тагови:

Слични вести