Премиерот Ахмет Давутоглу ќе престојува во посета на ТРСК

Давутоглу меѓудругото ќе учествува на свеченото отворање на Турскиот културен центар Јунус Емре во Левкоша (Никозија)

396826
Премиерот Ахмет Давутоглу ќе престојува во посета на ТРСК

По изгласувањето на довербата на 64-та Влада, премиерот Давутоглу првата посета ќе ја оствари на ТРСК.

Целта на посетата ќе биде продлабочување на блиските односи меѓу Турција и ТРСК, размена на мислења околу последните случувања со Кипарското прашање, поради што ќе одржи средби со претседателот Мустафа АКинџи, претседателот на Републичкото собрание Сибел Сипер и премиерот Омер Калјонџу.

Премиерот Давутоглу меѓудругото ќе учествува на свеченото отворање на Турскиот културен центар Јунус Емре во Левкоша (Никозија).


Тагови:

Слични вести