Ердоган остро реагираше на тврдењата на Путин

Доколку да се докажат овие тврдења, јас нема да седам на оваа функција

396585
Ердоган остро реагираше на тврдењата на Путин

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган остро реагираше на тврдењата на рускиот претседател Владимир Путин во врска со откупот на нафта од терористичката организација ДЕАШ.

Ердоган рече дека доколку се докажат овие тврдења, јас нема да седам на оваа функција. На почитуваниот Путин му се обраќам со следните зборови: Дали ќе седите и Вие?

Во рамките на учеството на Конференцијата на страните на Самитот за климатски промени на ОН (COP21) во Париз, претседателот Ердоган одговараше на прашањата на новинарите.

На прашањето во врска со наведените тврдења, претседателот Ердоган одговори дека се определени земјите од кои Турција купува нафта. Нафтата ја купуваме по легален пат. Познати се земјите од кои купуваме нафта и природен гас. Ние не сме толку нечесни и бесрамни да купуваме нафта од терористичка организација. Тоа на сите треба добро да им е познато.

Во врска со коментарите кои беа објавени по соборувањето на рускиот борбен авион кој го прекрши турскиот воздушен простор, претседателот Ердоган рече дека треба да бидеме пострпливи. Не треба да бидеме премногу емоционални. Треба да бидеме повнимателни и да почекаме да видиме што се ќе се случи. Да почекаме и да видиме што се имаат да кажат, па потоа и ние ќе го кажеме своето.

Во врска со напорите за иницирањето на каналите за дијалог, претседателот Ердоган рече дека во меѓудржавните и маѓународните односи не можат да егзистираат и да се одолговлечуваат проблемите. По можност, што поскоро треба да се сочуваат односите па дури и да се држат на еден конец. Турција вложува големи напори да се сочуваат односите. Како ќе се однесува Русија и што се ќе преземе, не знам. Секако дека Турција конечната одлука ќе ја донесе врз основа на развојот на случувањата, подвлече претседателот Ердоган.


Тагови:

Слични вести