Собранието на РТ денеска ќе гласа за доверба на 64-та влада

По дискусиите во Собранието во врска со програмата на новата 64-та влада на чело со премиерот Ахмет Давутоглу денеска ќе се одржи гласање за доверба на владата

356484
Собранието на РТ денеска ќе гласа за доверба на 64-та влада

На завчерашната седница на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) се водеа дискусии во врска со програмата на новата 64-та влада под претседателство на премиерот Ахмет Давутоглу.

Дискусиите за владината програма во Собранието беа следени и од страна на премиерот Ахмет Давутоглу, претседателот на Републиканската народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу и претседателот на Партијата за националистичко движење (МХП) Девлет Бахчели.

Притоа во поведената расправа опозицијата ги достави своите критики во сферата на економијата и надворешната политика, додека во име на владата за збор се јави потпретседателот на Владата Лутфу Елван кој даде знајачни изјави во врска со владината програма.

Истакнувајќи дека кога ќе се погледне општо кон програмата ќе се установи дека истата е фокусирана на човекот, Лутфу Елван рече: „Имаме за цел заедно да го подготвиме новиот Устав кој долги години се очекува од страна на нашиот народ. За нашите граѓани ќе поминеме мандат исполнет со придобивки. Ќе продолжи да се води борба против секој вид паралелна структура која сака да формира држава во држава и против секој вид терористички организации.“

По дискусиите во врска со владината програма денеска ќе се одржи гласање за доверба на владата.

За да се изгласа доверба на владата се потребни 276 гласа од вкупно 550 пратеници во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) и ако се земе во предвид тоа дека АК Партијата располага со 317 пратеници се очекува владата на премиерот Давутоглу со сигурност да добие и доверба.  

По изгласаната доверба на 64-та владата погледите ќе бидат свртени кон работата на Собранието каде што денеска ќе бидат избрани и членовите на собраниските комисии.

Наредниот ден во вторникот пак ќе започнат состаноците на пратеничките групи на политичките партии во Собранието и тоа АК Партијата (Партијата за правда и развој АКП), главната опозициона Републиканска партија (ЏХП), Демократската партија на народите (ХДП) и Партијата за националистичко движење (МХП).


Тагови:

Слични вести