Русија да ја разбере чувствителноста на Турција околу заштитата

Не е правилно да се обвинува Владата поради одлуката што ја донесе судот

397385
Русија да ја разбере чувствителноста на Турција околу заштитата

Премиерот Ахмет Давутоглу упати повик до Русија дека треба да ја разбере чувствителноста на Турција околу заштитата на границите.

Премиерот Давутоглу на пат за Брисел каде што учествуваше на Самитот ЕУ-Турција, во авионот одговараше на прашањата на новинарите.

Во освртот на соборувањето на рускиот авион и кризата со Русија, премиерот Давутоглу рече:

Ако Турција и Русија изнајдат сили да бидат поладнокрвни во однос на настанот, тогаш кризата ќе може да се контролира.

Во освртот на смртта на претседателот на адвокатската комора на градот Дијарбакир, Тахир Елчи премиерот Давутоглу рече дека сторителот на убиството е терористичката организација ПКК.

Во врска со затворањето на новинарите Џан Дундар и Ердем Ѓул премиерот Давутоглу рече дека не е правилно да се обвинува Владата поради одлуката што ја донесе судот.


Тагови:

Слични вести