Ќе го интензивираме процесот на пристапување во ЕУ

Премиерот Давутоглу рече дека ова навистина е еден историски ден и историски состанок

356734
Ќе го интензивираме процесот на пристапување во ЕУ

Премиерот Ахмет Давутоглу рече: „Одлучивме секоја година да одржуваме по два состаноци, ќе го интензивираме и оживееме процесот на пристапување“.

По Самитот ЕУ-Турција, премиерот Ахмет Давутоглу заедно со претседателот на Советот на Европската унија Доналд Туск и претседателот на Еврокомисијата Жан-Клод Јункер одржаа заедничка прес конференција.

Во врска со содржината на средбите премиерот Давутоглу рече дека ова навистина е еден историски ден и историски состанок. Во последните 11 години првпат се одржа еден ваков состанок меѓу Турција и ЕУ. Ова е историски состанок. Јас сум бескрајно благодарен по повод плодните средби. Клучен концепт на заедничката декларација околу чија содржина постигнавме согласност е повторно оживување на процесот на пристапување. Станува збор за две димензии; првата од нив е процесот на пристапувањето на Турција во ЕУ.
Премиерот Давутоглу ги наброја прашањата околу кои беше постигната согласност и рече:

По денешните средби постигнавме согласност за одржување по два самити секоја година. Во тој контекст, паралелно со оживувањето и интензивирањето на процесот за пристапување, ќе ја развиваме и стратешката соработка.

На 14 декември ќе се отвори 17-то поглавје. Некои поглавја ќе бидат спремни да се отворат. Истовремено во текот на идната година ќе завршат активностите во врска со процесот на укинувањето на визите и реадмисијата. Тоа се многу значајни чекори од аспект на отворањето нови поглавја, ажурирањето на Царинската унија, продлабочувањето на економските односи и искачувањето на стратешката соработка и средбите на највисоко ниво.

Надовзрувајќи се на недостатоците во минатото околу бегалската криза, премиерот Давутоглу рече: Како што реков на состанокот, бегалците го плаќаат цехот на неуспешните напори на системот на ОН за изнаоѓање решение во раната етапа на кризата. До денес Турција се обиде сета одговорност да ја презеде самостојно. Со ЕУ постигнавме заеднички акционен план за излез од кризата, рече премиерот Давутоглу.

Во освртот на материјалната помош и поддршка на ЕУ, премиерот Давутоглу рече дека три милијарди евра им се даваат на сириските бегалци, а не на Турција. Суштината на доделувањето на помошта е споделување на товарот. Материјалните средства ќе бидат наменети за помош и поддршка на жртвите на државниот тероризам на режимот на Асад и варварската организација ДЕАШ.

Заврши еден корисен самит

Претседателот на Советот на Европската унија Доналд Туск на крајот на Самитот ЕУ-Турција што се одржа во Брисел рече дека овој самит беше посветен на оживувањето на односите во одредена временска рамка, како и заканата од тероризмот и итните прашања. Заврши еден многу корисен самит, рече Туск и потсети дека дневниот ред на средбите беа мигрантите. Заштитата на границите е задача на ЕУ. Од никого не очекуваме да ја штити нашата граница, рече Туск.

Визната либерализација очекувам да се најде на средбата на есен во 2016

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер рече дека постои врска меѓу договорот за реадмисија и визната либерализација. Заедно ќе продолжиме да правиме проценка во однос на прашањето. Ако се исполнат потребните услови за тоа, тогаш на есен 2016 година очекувам на дневниот ред да се најде и прашањето за визната либерализација.


Тагови:

Слични вести