Денес во собранието ќе се гласа за довербата на 64-та Влада

За добивање на довербата, потребни се 276 гласа

395611
Денес во собранието ќе се гласа за довербата на 64-та Влада

Денес во собранието ќе се гласа за довербата на 64-та Влада која беше формирана под претседателство на премиерот Ахмет Давутоглу.

По минатонеделното читање на програмата на Владата и дискусиите што се водеа околу истата, денес под претседателство на претседателот на собранието Исмаил Кахраман во 18.00 часот според турско време на седницата на генералното заседание на Големото национално собрание на Турција ќе се одржи гласање за доверба на новата Владапредложена од премиерот Давутоглу.

На седницата нема да се разгледа ниту едно прашање.

За добивање на довербата, потребни се 276 гласа.

Во текот на неделава на генералното заседание ќе се определат и собраниските комисии.

Бидејќи имињата на членовите на специјализираните комисии предложени од страна на партиите беа прочитани на седницата на генералното заседание, истите ќе се состанат под претседателство на најстариот член и во тие рамки ќе започнат активностите за определување на претседател, потпретседател, портпарол и записничар на комисиите.

Утре, 1 декември ќе се одржат состаноци на пратеничките групи во Собранието.


Тагови:

Слични вести