Пиштолот со кој е убиен Тахир Елчи бил кај едниот од терористите

Премиерот Давутоглу истакна дека од извршеното балистичко испитување е утврдено оти куршумот со кој бил убиен Тахир Елчи бил испукан од пиштолот кој се наоѓал во рацете на едниот од терористите кои претходно убиле и двајца полицајци

394937
Пиштолот со кој е убиен Тахир Елчи бил кај едниот од терористите

Премиерот Ахмет Давутоглу на конференцијата за печатот што ја одржа на аеродромот Есенбога во Анкара пред да отпатува за Брисел за самитот меѓу Турција и ЕУ се осврна и на вчерашниот случај кога за време на вооружена престрелка помеѓу терористи на ПКК и полицијата загина претседателот на Адвокатската комора на Дијарбакир Тахир Елчи.

Притоа Давутоглу истакна дека истрагата во врска со случајот е во тек и дека од извршеното балистичко испитување е утврдено оти куршумот со кој бил убиен Тахир Елчи бил испукан од пиштолот кој се наоѓал во рацете на едниот од терористите кои претходно убиле и двајца полицајци.

Велејќи дека овде треба да се постави прашањето „Кој отвори оган со ракетен фрлач и бомба врз главниот јавен обвинител и неговата екипа кои беа на местото на настанот за извршување на потребните истражувања за обелоденување на случајот“, премиерот Давутоглу рече: „Доколку има некој кој сака случајот да остане нерешен и необелоденет тоа е терористичката организација. Одговорна за овој случај е сепаратистичко-терористичката организација.“

Инаку вчера по одржаната конференција за печатот пред историското минаре Dört Ayaklı Minare (Четири ножно минаре) во населеното место Сур во градот Дијарбакир кое беше оштетено за време на терористичките настани, група терористи отворија оган на што одговорија и безбедносните сили.

Притоа за време на вооружената престрелка животот го загубија претседателот на Адвокатската комора на Дијарбакир Тахир Елчи и двајца полицајци, а тројца полицајци и еден новинар беа ранети.

По терористичкиот напад во населеното место Сур во градот Дијарбакир беше воведен полициски час и беше започната операција за фаќање на терористите. Во операцијата беа убиени двајца терористи.

Истрагата во врска со убиството на претседателот на Адвокатската комора на Дијарбакир Тахир Елчи се води од страна на 9 јавни обвинители.  



Тагови:

Слични вести