Турција ги предупреди своите граѓани да не патуваат во Русија
Во предупредувањето на министерството за надворешни работи се истакнува дека би било од корист турските граѓани да ги одложат своите патувања во Русија, доколку истите не се итни и неопходни

Министерството за надворешни работи на Република Турција објави соопштение во кое упати предупредување до турските граѓани кои ќе патуваат за Русија.
Во предупредувањето на министерството се истакнува дека би било од корист турските граѓани да ги одложат своите патувања во Русија, доколку истите не се итни и неопходни.
Во соопштението се потсетува дека во рамките на случувањата во последните денови почнувајќи од 24 ноември 2015 година турските граѓани кои патуваат за Русија се соочуваат со одредени проблеми при посетата и престојот во оваа земја.
Во соопштението на турското министерство за надворешни работи на граѓаните им се препорачува да ги одложат патувањата за Русија доколку истите не се итни и неопходни, се додека ситуацијата не биде разјаснета.
Слични вести
