Турската амбасада во Москва: Да се стави крај на притисоците

Турската амбасада во Москва објави соопштение во кое истакна дека беше побарано од руските власти да стават крај на притисоците врз турските граѓани кои живеат во Русија

394632
Турската амбасада во Москва: Да се стави крај на притисоците

Амбасадата на Турција во Москва побара од руските власти да стават крај на притисоците врз турските граѓани кои живеат во оваа земја.

Во објавеното соопштение од амбасадата се истакнува дека од турските граѓани од различни занимања бизнисмени, работници и ученици кои живеат во различни делови на Русија во последните денови пристигнуваат поплаки во однос на тоа дека се подложени на притисок од страна на руските власти, поради што беше побарано да се стави крај на овие притисоци.

Во соопштението се вели следното: „Амбасадата стапи во контакт со нашите граѓани од чија страна ги доби и непоходните информации по што разговараше со руското министерство за надворешни работи и надлежните органи така да очекуваме објаснување во врска со прашањата за кои што пристигнуваат поплаки. Во тие рамки бараме да се стави крај на притисоците.“


Тагови:

Слични вести