Телефонски разговор меѓу Давутоглу и Меркел

Според објавеното соопштение од владината канцеларија за печат синоќа беше остварен телефонски разговор помеѓу премиерот Ахмет Давутоглу и германската канцеларка Меркел

356159
Телефонски разговор меѓу Давутоглу и Меркел

Премиерот Ахмет Давутоглу оствари телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел.

Според објавеното соопштение од владината канцеларија за печат телефонскиот разговор беше остварен на барање на германската канцеларка Меркел.

Притоа Давутоглу и Меркел разменија мислења во врска со утрешниот самит меѓу Турција и ЕУ во Брисел и прашањето со мигрантите.

Двајцата лидери во телефонскиот разговор постигнаа компромис на утрешниот самит меѓу Турција и ЕУ да бидат детално разгледани соработката и односите меѓу Анкара и Брисел со сите нивни поединости.


Тагови:

Слични вести