Чавушоглу ги продолжува своите разговори

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Азербејџан се состана со претседателот Илхам Алиев, претседателот на собранието Еседов и со својот колега Мемедјаров

394473
Чавушоглу ги продолжува своите разговори

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу престојува во посета на Азербејџан каде што својата прва средба ја оствари со претседателот Илхам Алиев.

На средбата беше разговарано за проектите во сферите на енергијата и транспортот, како и односите помеѓу Турција и Азербејџан.

Следна станица на Чавушоглу беше азербејџанското Национално собрание каде се состана со претседателот на собранието Октај Еседов кој пак во говорот што го одржа во оваа прилика во врска со присутната турско-руска затегнатост го рече следното: „Ние посакуваме во најскоро време да престане присутната затегнатост помеѓу двете земји. Азербејџан е подготвен да направи што што е во негова можност во оваа насока.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу пак рече: „Ние не сме на страната на затегнатост. Мислиме дека овој проблем ќе го надминеме со дипломатски патишта. Истиот приод го очекуваме и од нашиот сосед и пријател Русија. Очекуваме изјави и начини на однесување со здрав разум. Остварив телефонски разговор со Лавров. Бевме едногласни за средба на 3 или 4 декември во Белград. Мислам дека во наредните денови тензијата ќе се намали. Го цениме и објективниот и урамнотежен став на братски Азербејџан во однос на ова прашање.“

Мевлут Чавушоглу потоа се состана и со својот азербејџански колега Елмар Мемедјаров при што истакна дека Турција секогаш стои покрај Азербејџан по прашањето Нагорно Карабах кое се наоѓа под ерменска окупација.  


Тагови:

Слични вести