Турската нација никому не му зари нож во грб

Турција не го собори намерно рускиот авион

356025
Турската нација никому не му зари нож во грб

Претседателот на републиката Реџеп Тајип Ердоган рече дека сите оние кои што ги бомбардираат силите на умерената опозиција во Сирија под изговор дека ги бомбардираат ДЕАШ во суштина си играат со оган и подвлече:

На Русија и препорачуваме де не си игра со оган.

Во говорот што го одржа на свеченото колективно отворање на некои објекти во Бајбурт, претседателот Ердоган се осврна на случувањата со соборувањето на рускиот авион.

Турција не го собори намерно рускиот авион. Тоа беше автоматска реакција на нарушувањето на воздушниот простор кој беше имплементиран согласно меѓународните договори за ангажман.

Под изговор за настанот кој од страна на целиот свет се прифаќа оправданоста на Турција, изнесувањето неоправдани обвинувања против нас, потоа притворањето на турските граѓани кои заминаа во посета на Русија со цел да учествуваат на меѓународниот саем, претставува поигрување со оган. Неодговорното бомбардирање на шлеперите и камионите кои во регионот оперираат со трговска цел или пренесување хуманитарна помош, навистина не претставува ништо друго освен поигрување со оган. На Русија искрено и препорачуваме да не си игра со оган, рече претседателот Ердоган.

Дали сте принудени да учествувате на сите покани? Во Сирија постои убиец на 380 илјади лица, Тоа е Асад кому му пружате секаков вид поддршка. Дали е легитимно пружањето секој вид поддршка на човек кој врши државен тероризам?, рече претседателот Ердоган.

Москва покрај изговорот дека им бил соборен авион, имавме можност да утврдиме дека во позадината на сите овие случувања лежи желбата за зајакнување своите воени позиции во Сирија. Ердоган одговори и на напорите на рускиот претседател Владимир Путин во врска за поврзување на Турција со терористичката организација ДЕАШ.

Во суштина Турција е земјата која води вистинска борба против ДЕАШ, рече претседателот Ердоган.

Нуи не сме бесрамна и нечесна земја која ќе купува нафта од терористичка организација, тоа треба сите добро да го знаат. Сите оние кои што не обвинуваат со ова недолично обвинение и не клеветат, треба да знаат дека станале обични клеветници.

Путин вели дека сме му зариле нож во грб. Турската нација никому не зари нож во грб. Ние сме нација која секогаш војува гради во гради. Секако дека од оваа ситуација ќе произлезат средини кои ќе сакаат да се пореметат односите помеѓу Русија и Турција, рече Ердоган и алудирајќи до Москва рече: Од тоа пак најголема штета ќе доживеат двете земји. Не треба да дозволиме да се случи тоа.


Тагови:

Слични вести