Соборувањето на рускиот авион не претставува акција насочена про

Турција презеде превенција за заштита на суверените територии во рамките на правилата за ангажман

393822
Соборувањето на рускиот авион не претставува акција насочена про

Премиерот Ахмет Давутоглу во врска со соборувањето на рускиот авион кој го наруши турскиот воздушен простор рече дека тоа не претставува акција насочена против една земја.

Давутоглу потенцираше дека Турција презеде превенција за заштита на суверените територии, а во рамките на правилата за ангажман, со цел да го заштити територијалниот интегритет на земјата.

Во написот под наслов „Русија треба да се фокусира кон заедничкиот непријател“ за англискиот весник „Тајмс“ премиерот Давутоглу рече дека продолжуваат потребните консултации. Превенциите за заштита на територијалниот интегритет ќе продолжат. Турција ќе соработува со Русија и сојузниците за намалување на тензиите.

Премиерот Давутоглу посочи на потребата за фокусирање на меѓународната заедница за водење заедничка борба против ДЕАШ, преземање на сите потребни активности за земање под гаранција на иднината на Сирија и изнаоѓање решение на актуелната бегалска криза. Ако не ги преземеме потребните активности, обратното ќе оди во прилог и корист на проширувањето на идеологијата на ДЕАШ исполнета со омраза.

Индиферентноста во врска со кризите на Блискиот Исток веќе не претставува избор, рече премиерот Давутоглу и повика на повторно разгледување на текот на заедничките активности.

Меѓународната заедница беше неуспешна во фокусирањето во борбата против проширувањето на ДЕАШ во Сирија, рече премиерот Давутоглу и потенцираше дека наместо ДЕАШ, се бомбардираат позициите на групите кои војуваат против режимот на Асад.

Целта на терористичките напади во Париз, Анкара и Бејрут како и соборувањето на рускиот авион во Синајскиот полуостров е да се намали помошта и поддршката на бегалците и предизвикувањето различни погледи и ставови кај западното јавно мнение во однос на бегалците.

Турција е на страната на сите оние кои што го бранат ставот за човечка визија за Европа, рече премиерот Давутоглу и нагласи:

Навистина нашата апликација за пристапување во ЕУ претставува одраз на нашата гаранција за одржување на дадените ветувања а истото може да се согледа и од решенијата кои ги изнајде во врска со бегалската криза.

Премиерот Давутоглу написот го заврши со следните зборови:

Денес е ден кога треба да се покаже цврст став против ДЕАШ. Преземањето заеднички колективни акции и волја од страна на САД, ЕУ, Русија, Турција и другите земји, можат да предизвикаат бегалскиот бран да се насочи во спротивна насока.


Тагови:

Слични вести