Претседателот Ердоган ги одобри одлуките на Врховниот воен совет

Претседателот Ердоган ги одобри донесените одлуки на крајот на 7 часовниот состанок на Врховниот воен совет (ЈАШ) што се одржа под претседателство на премиерот Ахмет Давутоглу

355557
Претседателот Ердоган ги одобри одлуките на Врховниот воен совет

Заврши зимската сесија на состанокот на Врховниот воен совет (ЈАШ).

Донесените одлуки на состанокот што се одржа во Генералштабот, а со кој претседаваше премиерот Ахмет Давутоглу и траеше 7 часа беа доставени на одобрение кај претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган.

Според објавеното соопштение преку интернет страницата на кабинетот на претседателот, претседателот Ердоган пред вечерата што ја приреди во чест на членовите на Врховниот воен совет (ЈАШ) во претседателската палата ги одобри донесените одлуки на советот.

Одлуките му беа доставени на претседателот Ердоган од страна на началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар и министерот за одбрана Исмет Јилмаз.

Потоа одлуките и беа соопштени и на јавноста.

На зимската сесија на состанокот на Врховниот воен совет (ЈАШ) беше разговарано за главната програма и целите на Турските вооружени сили, состојбата за готовност за операција, борбата против тероризмот, безбедносната проценка во регионите на Црното Море и Источното Средоземно Море и пограничната безбедност.

До Советот беа доставени информации во врска со персоналот и активностите за логистика и реконструкција ТСК-2033.

На состанокот исто така стана збор и за последните случувања на границата со Сирија на чело со случајот со соборување на рускиот воен авион кој го наруши турскиот воздушен простор.

Притоа беше одлучено да бидат држани отворени дипломатските и воените канали во Русија.

Освен тоа беше оценето дека ќе биде поволно да бидат преземени неопходните мерки за да не дојде до нови непожелни случаи помеѓу вооружените сили на двете земји.

По состанокот на Врховниот воен совет (ЈАШ) претседателот Ердоган приреди свечена вечера во чест на членовите на советот.

Вечерата беше затворена за претставниците на печатот и траеше приближно еден час.

 


Тагови:

Слични вести