„Ние не сме страната која треба да се извини"

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во интервју за CNN International истакна дека страната која треба да се извини не е Турција, туку оние кои го нарушија нејзиниот воздушен простор

355556
„Ние не сме страната која треба да се извини"

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган даде интервју за американската телевизија CNN International.

Велејќи „Ако има некој кој треба да се извини, тоа не сме ние туку оние кои го нарушија нашиот воздушен простор“, Ердоган подвлече дека Турција не сака да ја зголеми затегнатоста.

Претседателот Ердоган рече: „Нашите пилоти и воздушни сили само го направија она што требаше да го направат, тоа беше наша обврска во рамките на воведените правила на ангажман.“

Велејќи „Повторно ќе победи дипломатијата“, Ердоган воедно истакна дека лично верува оти повторно ќе бидат ставени во колосек односите помеѓу двете земји.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган даде интервју и за францускиот телевизиски канал Франс 24 во кое рече дека по случајот со соборување на рускиот воен авион го побарал по телефон Путин кој пак не одговорил на овој негов повик.

Ердоган во врска со рускиот воен авион кој и покрај тоа што низа пати бил предупреден дека го нарушува турскиот воздушен простор не одговорил на сиве овие предупредувања по што беше и соборен го рече следното: „Да знаевме дека авионот и припаѓа на Русија повредата на нашиот воздушен простор можеше да се спречи и на поинаков начин.“

Тврдењето на Русија пак околу тоа дека “Турција купува нафта од ДЕАШ“, претседателот Ердоган го окарактеризира како клевета.

 


Тагови:

Слични вести