Чавушоглу во посета на Азербејџан

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу отпатува во посета на Азербејџан

355583
Чавушоглу во посета на Азербејџан

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Азербејџан каде што допатува во официјална посета ги посети гробиштата на паднатите борци.

Чавушоглу најпрвин го посети гробот на покојниот азербејџански претседател Хајдар Алиев во Фахри Хијабан каде што положи венец на гробовите на Хајдар Алиев и на неговата сопруга Зарифе Алиева.

Мевлут Чавуошглу придружуван и од амбасадорот на Турција во Баку Исмаил Алпер Џошкун и амбасадорот на Азербејџан во Анкара Фаик Багиров ги посети и гробиштата на паднатите борци во Баку каде што беа погребани загинатите на 20 јануари.

Овде Чавуошоглу постави каранфили на гробовите на паднатите борци, а исто така положи венец и на споменикот на вечниот оган.

Потоа министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу премина на гробиштата на турските паднати борци во Баку каде што положи венец пред овдешниот споменик.

Чавушоглу во рамките на своите разговори во Баку ќе се состане со својот азербејџански колега Елмар Мемедјаров и со азербејџанскиот претсеадтел Илхам Алиев, претседателот на Националното собрание Октај Еседов и премиерот Артур Расизаде. 

Чавушоглу и Мемедјаров ќе одржат и заедничка конференција за печатот.


Тагови:

Слични вести