Танжу Билгич: Чавушоглу и Лавров остварија телефонски разговор

Портпаролот на министерството за надворешни работи Танжу Билгич истакна дека Чавушоглу и Лавров во телефонскиот разговор се договориле во наредните денови да одржат средба лице в лице

422280
Танжу Билгич: Чавушоглу и Лавров остварија телефонски разговор

Портпаролот на министерството за надворешни работи Танжу Билгич рече дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу остварил телефонски разговор со својот руски колега Сергеј Лавров и дека притоа двајцата министри се договориле во наредните денови да одржат средба лице в лице. 

Одговарајќи на едно поставено новинарско прашање Билгич истакна дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу водел телефонски разговор со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Портпаролот Билгич рече: „Господинот министер го информира својот руски колега во врска со случајот со соборување на рускиот воен авион кој го наруши турскиот воздушен простор. Во разговорот е постигната согласност по прашањето на споделување на деталите во врска со случајот преку дипломатски и воени канали. Освен тоа беше договорено двајцата министри во наредните денови да одржат средба лице в лице.“


Тагови:

Слични вести