Остварен телефонски разговор помеѓу Ердоган и Обама

Ердоган и Обама синоќа водеа телефонски разговор посветен на случајот со соборување на рускиот воен авион кој го наруши турскиот воздушен простор

368412
Остварен телефонски разговор помеѓу Ердоган и Обама

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган синоќа оствари телефонски разговор со американскиот претседател Барак Обама.

Во разговорот стана збор за случајот со соборување на рускиот воен авион кој го наруши турскиот воздушен простор.

Притоа Обама во телефонскиот разговор рече дека од страна на САД и НАТО се поддржува правото на Турција за одбрана на своите национални граници.

Двајцата лидери истакнаа дека се едногласни по прашањето на значењето од извршување на неопходните активности со што ќе се земе под гаранција неповторувањето на слични настани и од намалување на затегнатоста.

Во телефонскиот разговор исто така Ердоган и Обама ја потврдија одлучноста во правец на продолжување на заедничката борба против терористичката организација ДЕАШ, а како што беше подвлечено за да се обезбеди реализација на процесот на политичка транзиција во Сирија.


Тагови:

Слични вести