„Одбраната на сопствениот воздушен простор е најприродно право"

Премиерот Давутоглу во врска со случајот со соборување на рускиот воен авион кој го наруши турскиот воздушен простор истакна дека одбраната на сопствениот воздушен простор е најприродно право на Турција

422363
„Одбраната на сопствениот воздушен простор е најприродно право"

Премиерот Ахмет Давутоглу кој говореше на првиот состанок на пратеничката група на АК Партијата во Големото Народно Собрание на Турција истакна дека Турција и Русија се две пријателски земји и рече: „Ние немаме намера да ја зголемиме затегнатоста со Русија. Меѓутоа одбраната на сопствениот воздушен простор за заштита на својата национална безбедност претставува најприродно право на Турција.“

Информирајќи за случајот со соборување на рускиот воен авион кој го наруши турскиот воздушен простор, премиерот Давутоглу рече: „Воениот авион кој вчера во утринските часови во областа на Јајладаги кај Хатај го наруши турскиот воздушен простор  и и покрај низа предупредувања не го напушти нашиот воздушен простор беше соборен од страна на нашите воздушни сили. За тоа дека соборениот авион и припаѓал на Руската федерација беше дознаено по објавеното соопштение од страна на руски органи. Овој авион беше соборен во моментот на прекршување на турскиот воздушен простор. Нашиот воведени правила на ангажман беа јасни. Ова е настан за кој што во никој случај не сакавме да се случи. По случајот ги преземаме сите неопходни дипломатски мерки. Нарушениот турски воздушен простор истовремено е и воздушен простор на НАТО.“

Истакнувајќи дека им биле доставени информации на руските органи по прашањето на деталите на случајот, премиерот Давутоглу напомена дека политичките, економските и културните врски на Турција и Русија се крајно силни.

„Ние немаме намера да ги затегнеме нашите односи со Русија која е наш пријател. Односите помеѓу големите земји не можат да се жртвуваат за несреќи во комуникацијата.“ - рече Давутоглу.

Правејќи проценка и на нападите против Туркменците во подрачјето Бајирбуџак, премиерот Ахмет Давутоглу истакна дека случувањето во овој реон се следат со внимателност.

Давутоглу рече дека сирискиот режим реализира злосторнички напади врз цивилното население по што го додаде следното: „За жал се знае дека во овие напади се вклучени и руски авиони. Во подрачјето Бајирбуџак не постои ниту еден единствен терористички елемент и ниту еден елемент на терористичката организација ДЕАШ. Нема да ги затвориме нашите очи пред нападите кои што се реализираат под изговор дека се насочени против ДЕАШ, но всушност се насочени против невиното население во Бајирбуџак.“


Тагови:

Слични вести