Безбедносен самит во претседателската палата во Бештепе

На безбедносниот самит учествуваа премиерот Давутоглу, началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар, надлежни министри и потсекретарот на Националната разузнавачка служба МИТ Хакан Фидан

421958
Безбедносен самит во претседателската палата во Бештепе

По случајот со соборување на рускиот воен авион на границата со Сирија синоќа во претседателската палата во Бештепе се одржа безбедносен самит под претседателство на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган.

На безбедносниот самит учествуваа премиерот Ахмет Давутоглу, началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар, надлежни министри и потсекретарот на Националната разузнавачка служба МИТ Хакан Фидан.

Состанокот траеше 1 час и 15 минути и на истиот стана збор за општи безбедносни прашања во правец на последните случувања во регионот на чело со оние во Сирија.

Според добиени информации од кабинтетот на претседателот на безбедносниот самит било разговарано за пограничната безбедност на Турција, а во тие рамки посебно станало збор за случајот со соборување на рускиот воен авион во рамките на правилата на ангажман на границата со Сирија.

На безбедносниот самит воедно беше разгледана и последната состојба во однос на случувањата во туркменското подрачје Бајирбуџак во Сирија, веднаш во непосредна близина на границата со Турција. 


Тагови:

Слични вести