Во Шемдинли кај Хаќќари убиени 5 мина терористи на ПКК

Во населеното место Шемдинли кај градот Хаќќари беа убиени 5 мина терористи на ПКК, а исто така беа бомбардирани и уништени и засолништа и позиции на терористите

421736
Во Шемдинли кај Хаќќари убиени 5 мина терористи на ПКК

Продолжуваат операциите на турските вооружени сили во рамките на борбата против тероризмот.

Во населеното место Шемдинли кај градот Хаќќари беа убиени 5 мина терористи на ПКК, а исто така беа бомбардирани и уништени и засолништа и позиции на терористите.

Во населеното место Биреџик кај градот Шанлиурфа пак беше фатен еден терорист на ПКК кој по незаконски патишта се обидувал од сириска страна да премине во Турција.

Од друга страна во населеното место Елбејли кај ргадот килис беше приведен еден странски државјанин кој се обидувал по незаконски патишта од Сирија да премине во Турција и за кого се оценува дека бил припадник на терористичката организација ДЕАШ.

 

 


Тагови:

Слични вести