„Новата влада ќе биде формирана во најскоро време"

Претседателот на АК Партијата, мандатор за состав на нова влада и премиер Ахмет ДавутоглуДавутоглу истакна дека новата влада ќе биде формирана во најскоро време

367865
„Новата влада ќе биде формирана во најскоро време"

Претседателот на АК Партијата, мандатор за состав на нова влада  и премиер Ахмет Давутоглу одговараше на прашањата на новинарите во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) во однос на актуелни внатрешни и надворешни случувања.

Притоа Давутоглу истакна дека новата влада ќе биде формирана во најскоро време.

Велејќи дека денеска ќе се состане со претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган, премиерот Давутоглу рече дека процесот за состав на новата влада продолжува според календарот.

Во врска со случувањата во туркменското подрачје Бајирбуџак во Сирија Давутоглу нагласи дека чувствителноста на Турција по ова прашање продолжува на највисоко ниво и напомена дека вчера беше одржан и состанок по ова прашање со надлежните органи.

Давутоглу рече: „Овде се значајни неколку точки. Првата точка е безбедноста на границата. Доколку дојде до развој кој што би претставувал закана за Турција е издадена наредба на единиците за безбедност за итна интервенција.“

Осврнувајќи се на случувањата во Сирија, премиерот Ахмет Давутоглу подвлече дека доколку се реализира операција против терористичката органзиација ДЕАШ истата треба да се води во координација во меѓународна смисла.

 


Тагови:

Слични вести