Исмаил Кахраман избран за нов претседател на Собранието

Исмаил Кахраман, пратеник на АК Партијата од Истанбул со освоени 316 гласа е избран за нов претседател на Големото Народно Собрание на Република Турција (ТБММ)

420926
Исмаил Кахраман избран за нов претседател на Собранието

Пратеникот на АК Партијата од Истанбул Исмаил Кахраман е избран за нов претседател на Големото Народно Собрание на Република Турција (ТБММ).

Во првите два круга од гласањето во собранието ниту еден од четворијцата кандидати не го доби потребното двотретинско мнозинство од гласовите за избор, односно 367 гласа, од вкупно 550 пратеници.

Потоа се премина на третиот круг од гласањето во кој беше доволно просто мнозинство, односно еден повеќе од половината од вкупниот број на пратеници (267 од вкупно 550 пратеници).

Во овој круг пратеникот на АК Партијата од Истанбул Исмаил Кахраман доби 316 гласа и беше избран за нов претседател на 26-от состав на Големото Народно Собрание на Република Турција (ТБММ), во претстојниот петгодишен мандат.

Инаку за претседател на Собранието се кандираа четворица пратеници и тоа Исмаил Кахраман од АК Партијата, Гулсун Билгехан од Републиканската народна партија (ЏХП), Денгир Мир Мехмет Фират од Демократската партија на народите (ХДП) и Јусуф Халачоглу од Партијата за националистичко движење (МХП).




Тагови:

Слични вести