Безживотното тело на малата Сена исфрлено на брегот кај Бодрум

Екипите на турската Крајбрежна стража вчера на брегот кај Бодрум во близина на градот Мугла пронајдоа безживотно тело на едно четири годишно девојче по име Сена

367987
Безживотното тело на малата Сена исфрлено на брегот кај Бодрум

Во близина на Бодрум кај градот Мугла пронајдено безживотното тело на уште едно мало девојче по име Сена кое се наоѓало на потонатиот чамец со бегалци кои по незаконски патишта се обидувале да заминат за Грција. 

Екипите на турската Крајбрежна стража вчера на брегот Чаталада во Бодрум кај градот Мугла пронајдоа безживотно тело на едно четири годишно девојче по име Сена.

Мртвото тело на малата Сена беше однесено во мртовечницата на Државната болница во Бодрум.

Со пронајденото безживотно тело на четиригодишното девојче Сена бројот на жртви во потонатиот чамец се зголеми на 9 лица, а продолжува да се трага по уште 15 лица кои се водат како исчезнати. 


Тагови:

Слични вести