Операциите против ДЕАШ во Сирија ќе продолжат со поголем интензи

Турција ги интензивира активностите со коалиционите партнери во борбата против ДЕАШ

418652
Операциите против ДЕАШ во Сирија ќе продолжат со поголем интензи

Министерот за надворешни работи Феридун Синирлиоглу рече дека операциите против терористичката организација ДЕАШ во Сирија ќе продолжат со поголем интензитет.

Во интервјуто за агенцијата Анадолија, министерот Синирлиоглу рече дека Турција е членка на меѓународната коалиција во борбата против ДЕАШ и вложува големи напори за заземање поактивна улога во коалицијата.

Турција ги интензивира активностите со коалиционите партнери во борбата против ДЕАШ, рече Синирлиоглу и додаде:

За окончување на егзистенцијата на ДЕАШ по должината на границата секако дека имаме одредени планови. Кога ќе заврши остварувањето на овие планови, операциите ќе продолжат со посилен интензитет. Тоа ќе имате можност да го видите во претстојните денови.

Целта на плановите е водење заеднички планови за операција, рече Синирлиоглу и потенцираше дека подолг временски период се остваруваа воздушни операции од страна на САД, додека Турција води самостојна борба против ДЕАШ.

Министерот за надворешни работи Синирлиоглу исто така потсети дека опцијата за повторно кандидирање на Асад во Сирија беше одбиена од страна на поголемиот број земји во светот.

Ако се земе во предвид фактот дека овој процес започна свесно, тогаш очигледно е дека Асад нема место на крајот на овој процес, рече Синирлиоглу.

Кога ќе заврши процесот, Асад ќе нема место во политичката иднина на Сирија.

Во врска со тврдењата за формирање нова држава во Сирија која ќе се базира на три зони, министерот Синирлиоглу рече:

Територијалниот интегритет на Сирија беше потврден на Виенакската конференција посветена на Сирија. Исто така мислиме дека секташтвото и сепаратизмот нема да имаат шанси, рече Синирлиоглу.


Тагови:

Слични вести