Давутоглу именуван за мандатор за формирање на новата Влада

Денес се очекува премиерот Давутоглу да го објави составот на новата Влада

418401
Давутоглу именуван за мандатор за формирање на новата Влада

Претседателот Ррџеп Тајип Ердоган го именува претседателот на Партијата за правда и развој (АКП) и пратеник од Коња Ахмет Давутоглу за мандатор за формирање на новата 64-та Влада на Турција.

 

По свеченото положување на заклетвите на пратениците на новиот состав на Големото национално собрание на Турција, претседателот Ердоган во претседателскиот доврец го прими премиерот Ахмет Давутоглу.

По средбата, Ердоган го именува Давутоглу да ја формира новата Влада.

По преземањето на мандаторската должност, премиерот Давутоглу има 45 дена на располагање за формирање на новата Влада и доставување на имињата на новиот состав на Владата до претседателот Ердоган.

Денес се очекува премиерот Давутоглу да го објави составот на новата Влада.

По одобрувањето на новата Влада од страна на претседателот Ердоган, во собранието ќе се прочита програмата на новата Влада.

По читањето на програмата на новата Влада, по 2 дена ќе започнат дискусиите, а по завршувањето на дискусиите ќе се премине на гласањето доверба за новата Влада.


Тагови:

Слични вести