Можеме да бидеме авангардисти на човечкиот развој

Наместо бегалци, ние во Турција за Сиријците кои дојдоа го преферираме зборот гости

366469
Можеме да бидеме авангардисти на човечкиот развој

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган и сопругата Емине Ердоган приредија свечена вечера во чест на лидерите и нивните сопруги кои учествуваа на Самитот на Г-20.

Емине Ердоган во говорот на вечерата изрази жалење поради терористичките напади во Парис и го проколна тероризмот.

Во период кога жената ќе има поактивна улога во светот, ќе дојде до намалување на омразата, непријателството о судирите, рече Емине Ердоган и изрази уверување за поголема соработка и потребата за заземање поактивна улога на жената во одлучувачките механизми.

Трагедијата во Сирија го навредува човечкото достоинство, рече Емине Ердоган и додаде дека Турција моментално е домаќи на 2 милиони 200 гости од Сирија.

Наместо бегалци, ние во Турција за Сиријците кои дојдоа го преферираме зборот гости.

ОН и сите земји во светот со голем респект го следат примерот на гостољубивост на Турција. Но за жал истото внимание и ангажираност не ја покажуваат кога се работи за поделба на заедничкиот товар, рече Ердоган.

Емине Ердоган подвлече дека во својство на сопруги на лидерите треба да ги засукаме ракавите кога за работи за оштетеноста на жените и децата и дека можат да ја подигнат глобалната свест и совесност на повисоко ниво.

Можеме да бидеме авангардисти на човечкиот развој кој ќе биде право пропорционален со материјалниот просперитет, потенцираше Емине Ердоган.


Тагови:

Слични вести