Ердоган на Самитот на Г-20 се состана со Путин

Ердоган и Путин ја потврдија иницијативата за одржување на состанокот на Советот за соработка на високо ниво на 15 декември во Русија

417500
Ердоган на Самитот на Г-20 се состана со Путин

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во рамките на Самитот на Г-20 чиј привремен претседавач е Турција одржа средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Средбата што се одржа во хотелот Регнум траеше и беше затворена за печтот траеше 1 час. На средбата учествуваа министерот за надворешни работи Феридун Синрилиоглу, министерот за енергетика и природни ресурси Али Риза Алабојун и потсекретарот на Националната разузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Претседателите Ердоган и Путин на средбата ја потврдија иницијативата за одржување на состанокот на Советот за соработка на високо ниво на 15 декември во Русија.

Во рамките на билатералните средби ретседателот Ердоган го прими и францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус.

На средбата учествуваа министерот за надворешни работи Феридун Синирлиоглу, министерот за финансии Мехмет Шимшек и портпаролот на Кабинетот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин и францускиот министер за финансии Мишел Сапен.

Средбата која траеше половина час беше затворен за печатот.


Тагови:

Слични вести