Во Анталија започна самитот на земјите од Г-20

Претседателот Ердоган во својство на домаќин еден по еден ги пречека лидерите кои допатуваа на самитот на Г-20 во Анталија

366193
Во Анталија започна самитот на земјите од Г-20

ЗА ФОТОГАЛЕРИЈА ПРИТИСНЕТЕ ОВДЕ

Лидерскиот самит на земјите од Г-20 во Анталија започна со пречекување на претседателите на делегациите од страна на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган кој е домаќин на самитот и со сликање на семејна фотографија.

Лидерите еден по еден беа пречекани од страна на претседателот Ердоган и додека се чекаше за сликање за семејна фотографија лидерите водеа и кус разговор.

По дочекот претседателот Ердоган и гостинските лидери ги зазедоа своите места на подготвената платформа за сеемјна фотографија меѓу кои беа и американскиот претседател Барак Обама, рускиот претседател Владимир Путин, саудискиот крал салман Бин Абдулазиз Ал Сауд, кинескиот претседател Ши Џинпинг, германската канцеларка Ангела Меркел, јапонскиот премиер Шинзо Абе игенералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.

На семејната фотографија лево од претседателот Ердоган стоеше америанскиот претседател Барак Обама, а десно идниот претседавач со Г-20 кинескиот претседател Ши Џинпинг.

По сликањето на семејната фотографија се премина на деловниот ручек на тема „Развој и климатски промени“.

ЗА ФОТОГАЛЕРИЈА ПРИТИСНЕТЕ ОВДЕ

Во меѓувреме во Анталија допатува и премиерот Ахмет Давутоглу кој на маргините на самитот ќе оствари низа средби.

Давутоглу ќе одржи билатерални средби со саудискиот крал Салман Бин Абдулазиз Ал Сауд, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и германската канцеларка Ангела Меркел.

На средбите ќе стане збор за билатерални односи и за регионални и глобални случувања, а приоритетни наслови ќе бидат борбата против тероризмот, случувањата во Сирија и мигрантската криза.

Премиерот Ахмет давутоглу по билатералните средби ќе приреди прием во чест на лидерите и претседателите на делегациите кои учествуваат на самитот.

Од друга страна шефовите на дипломатиите на земјите со право на збор во глобалната политика направија проценка на прашањето со тероризмот и состојбата на мигрантите.

Во тие рамки министерот за надворешни работи Феридун Синирлиоглу кој се врати од состанокот во Виена посветен на Сирија во Анталија се состана на деловен ручек со 12 свои колеги.

Меѓу учесниците на неформалниот деловен ручек беа и американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

На дневен ред на ручекот што се одржа зад затворени врати се претпоставува дека на дневен ред биле поставени актуелни регионални, политички и хуманитарни кризи.

ЗА ФОТОГАЛЕРИЈА ПРИТИСНЕТЕ ОВДЕ 


Тагови:

Слични вести