Давутоглу приреди прием за гостите на Г-20 во Анталија

Гостинските лидери кои учествуваа на приемот беа пречекани од страна на премиерот Ахмет Давутоглу и неговата сопруга Саре Давутоглу пред вратата

417478
Давутоглу приреди прием за гостите на Г-20 во Анталија

Премиерот Ахмет Давутоглу приреди свечен прием во чест на претседателите на делегациите кои учествуваат на лидерскиот самит на Г-20 во Анталија.

Гостинските лидери кои учествуваа на приемот беа пречекани од страна на премиерот Ахмет Давутоглу и неговата сопруга Саре Давутоглу пред вратата.

На приемот учествуваа претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган, неговата сопруга Емине Ердоган и ќерка Сумејје Ердоган, потоа рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот претседател Ши Џинпинг, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, Англискиот премиер Дејвид Камерон, германската канцеларка Ангела Меркел, италијанскиот премиер Матео Рензи, канадскиот премиер Џастин Трудо, претседателката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард и други лидери.

На свечениот прием азербејџанскиот претседател Илхам Алиев учествуваше со својата сопруга Михрибан Алиева и ќерка Лејла Алиева, а со своите сопруги дојдоа и индонезискиот претседател Јоко Видодо, малезискиот премиер Наџиб Резак и претседателите на некои од гостинските делегации.

Приемот траеше приближно еден и пол час.


Тагови:

Слични вести